НИКОЛОВСКИ, Илија Дим

НИКОЛОВСКИ, Илија Дим. (с. Панчарево, Беровско, 6. Ⅶ 1948) – генерал-мајор на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Берово, а Воена академија на ЈНА во Белград и во Сараево. Командирската должност ја започнал како потпоручник – командир на вод, а подоцна бил командир на чета и командант на баталјон. Во ЈНА ги завршил Командноштабната академија и школата за народна одбрана. Бил воен претставник во Амбасадата на РМ во Р. Бугарија и воен претставник на АРМ во Брисел. Бил командант на бригада и командант на корпус, а потоа бил пензиониран (12. ⅩⅠⅠ 2003). В. Ст. Михајло Николовски