НИКОЛОВСКИ, Ванчо Николов

НИКОЛОВСКИ, Ванчо Николов (Неготино, 15. Ⅺ 1922 – 17. Ⅲ 2005) – првоборец и политичар, економист. Основно училиште завршил во родниот град, гимназија во Горни Милановац и Велес, а потоа студирал на Правниот факултет во Белград. Како учесник во НОАВМ ( од 1. Ⅴ 1941) и член на КПЈ (од феврури 1943), бил уапсен и испратен во интернација во Бугарија (мај 1943 – јануари 1944). Повторно се вклучил во НОАВМ (од 29. Ⅶ 1944) како борец, секретар на МК на КПЈ во Неготино и политички комесар на Тиквешкото воено подрачје. По Ослободувањето завршил Виша политичка школа во Белград и Економски факултет во Скопје. Бил секретар на Општински комитет и секретар на Околиски комитет на КПМ, работел во ЦК на КПМ, бил директор на Партиската школа во Скопје, претседател на општинско собрание, потпретседател на околиско собрание, пратеник во Републичкиот совет на Народното собрание на НРМ, член на Републичкиот совет и потпретседател на РО на ССМ, главен уредник на в. „Трудбеник“, член на Главниот одбор на ССРНМ, секретар за индустрија и трговија на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Одборот за општествен план и финансии на Републичкиот совет на Собранието на СРМ. Директор на Сојузната дирекција за материјални резерви, пратеник во Собранието на СФРЈ и потпретседател на Сојузниот собор. По пензионирањето (1987) пројавил жива активност со реагирања на актуелните збиднувања во македонските весници и списанија. Автор е на неколку книги. БИБ.: Формирање и активност на Месното поверенство на КПМ во Неготино од април 1943 до септември 1944 година, Тиквешијата во НОВ 1941–1945. КПЈКПМ во Тиквешијата 1939–1945, кн. втора, КавадарциНеготино, 1984, 171–184; Создавањето и активноста на военозаднинските органи во Тиквешијата во летото и есента на 1944 година, Тиквешијата во НОВ 1941–1945. Партизански и воени единици, кн. трета, КавадарциНеготино, 1984, 373–385; НОБ без догми 1941–1942. Критички осврт на досегашната историографија, Скопје, 1997. С. Мл. Властимир Николовски НИКОЛОВСКИ, Властимир