НИКОЛОВСКИ, Боро

НИКОЛОВСКИ, Боро (Куманово, 16. Ⅷ 1909 – Скопје, 24. Ⅳ 1991) – фармацевт. Дипломирал Фармација во Загреб (1930) и отворил аптека во Струга. Бил член на Здравствениот одбор при Фармацевтскиот актив. Како близок соработник на академикот Ј. Туцаков ја проучувал лековитата флора во Македонија и квалитетот на прехранбените производи. Заслужен е за изучувањето на историјата на здравствената служба во Македонија и автор е на книгата „Прилози за здравствената култура на Македонија“. Л. П.-Т. Ванчо Николовски