НИКОЛЕСКИ, Димче

НИКОЛЕСКИ, Димче (с. Косел, Охридско, 13. И 1943 – Скопје, 2. Ⅳ 1998) – композитор и музички критичар. Работниот век го минува во Радио Скопје, каде што како новинар, остава неколку стотини критики и повеќе авторски емисии, посветени на теми и личности од македонскиот музички живот. Напоредно компонира, главно на полето на камерната и солистичката музика, а се истакнуваат делата: Гудачки квартет (1969), „Четири асоцијации на една народна песна“ (1988), „Два бакрорези според Петко Дабески“, за глас, виолина и пијано (1989). Автор на поголем број хорски композиции. Б. Орт.

Драган Николиќ