НИКОДИМ ПРИЛЕПСКИ-ТИСМАНСКИ

НИКОДИМ ПРИЛЕПСКИ-ТИСМАНСКИ (Прилепско, ⅩⅣ – Тисмански манастир, Романија, 1406) – црковен и книжевен деец. Духовното и книжевното искуство го добил на Света Гора. Во втората половина на ⅩⅣ в. заминал во Влашко (Романија), каде што ги основал првите манастири „Водица“ и „Тисмана“. Од богатата книжевна активност му е зачувано само едно мошне раскошно илуминирано Евангелие (1404/5), што претставува најстар датиран роман-ски ракопис што се чува во Бу-курешт (Музеј на уметноста). Архимандритот Никодим умрел во Тисманскиот манастир, каде што бил игумен. Со својата дејност има историска улога во развојот на македонско-романските духовни и книжевни врски на преминот од ⅩⅣ во ⅩⅤ в.
ЛИТ.: Х. Руварац, Поп Никодим, дер ерсте Клостергрундер ин дер Њалацхеи, „Арцхив фüр слависцхе пхилологие“, Ⅺ, 1888, 354–363; Е. Лазаресцу, Ницодим де ла Тисмана си ролул сиу ин цултура вецхе роминеасци, Романославица, Ⅺ, 1965, стр.237–285; И. Велев, Македонскиот книжевен ⅩⅣ век, Скопје, 1996. И. Вел.