НИКОДИЕВИЌ, Олга Александрова

НИКОДИЕВИЌ, Олга Александрова (Скопје, 29. Ⅲ 1933) – физиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, шеф на катедра. Формирала радиоимунолошка лабораторија за одредување на циклични нуклеотиди и сензитивност на рецепторите во РМ. Била гостин научник во националните институти за здравство во Бетезда (САД) околу 10 години (со прекини). Покрај бројните научни трудови, била автор на дел од учебникот по физиологија и на дел од „Современа дијагностика и терапија во медицината“ (2000). Бр. Н.