НИКОДИЕВИЌ, Бранислав Воиславов

НИКОДИЕВИЌ, Бранислав Воиславов (Скопје, 12. Ⅱ 1929) – фармаколог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, долгогодишен Бранислав Никодиевиќ директор на Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, продекан и декан (во два мандата) на Мед. ф., директор на УЦМН, претседател на Фармаколошкото друштво на Македонија и претседател на Сојузот на фармаколошките друштва на Југославија. Основоположник на Клиничката фармакологија во Македонија, основоположник и прв в.д. декан на Фарм. ф. во Скопје (1977–1982). Бил гостиннаучник во Националните институти за здравство во Бетезда (САД) во интервали околу 10 години, гостин-професор во САД, Јапонија, Финска, Германија, Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија. Покрај бројните научни трудови, бил главен и одговорен уредник и автор на неколку поглавја во книгите: „Современа дијагностика и терапија во медицината“ (2000) и „Фармакотераписки прирачник“ (2006). Бр. Н. Олга Никодиевиќ