НЕЈСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР

НЕЈСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР (27. Ⅺ 1919) – договор пот-пишан меѓу сојузничките и Здружените сили, од една, и Бугарија, од друга страна. Со него била потврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, Бугарија и Кралството на Србите, Хрватите и Словен-ците. Бугарија била присилена да се откаже од Струмичкиот крај и од дел од бугарската национална територија (Царибродско и Босилеградско) доделени на Србија, односно на Кралството на СХС. Со Договорот било утврдено репатрирање на воените заробеници и на интернираните лица, според тоа и тие од Вардарскиот и од Егејскиот дел од Македонија. Сепак, Бугарија прифатила да ги задржи и македонските бегалци во Бугарија. По барање од Грција, Бугарија прифатила во Мировниот договор да се внесе обврзувачка одредба за „доброволно“ иселување на етничките малцинства. Со Договорот Бугарија била задолжена да исплати воени репарации во износ од 2.250.000,000 златни франци, со што и објективно биле ограничени нејзините можности за похуман третман на многубројното македонско бегалско население. ЛИТ.: Македонија во меѓународните договори, И, (1913–1940), Скопје, 2006. М. Мин.