НЕЧОВСКИ, Петар

НЕЧОВСКИ, Петар (Ресен, 10. Ⅶ 1957) – интерпретатор на македонски изворни и новосоздадени песни. Основно и средно образование и музичко училиште завршил во Охрид, прв степен на Правниот факултет во Скопје и Угостителско-туристички факултет (Група гастрономија) во Охрид. Десетина години работел како организатор во угостителскотуристичките организации во Охрид, а потоа е професионален естраден уметник. Реализирал дваесетина турнеи во Австралија, САД и Канада. Настапувал на многу фестивали во РМ, како и на повеќе меѓународни фестивали во Камбера, Торонто, Амстердам и др. Поголем број аудиопроекти (магнетофонски ленти и ЦД) реализирал за Музичката продукција на МРТ, „Југодиск“ од Белград, за „Сенатор-рекорд“, „Везилка, „Мистер компани“ и др. М. Кит. НИЖИ СРЕДНИ УЧИЛИШТА