НЕЧЕВСКА-ЦВЕТАНОВСКА, Голупка

НЕЧЕВСКА-ЦВЕТАНОВСКА, Голупка (Кавадарци, 8. Ⅸ 1954) – редовен професор, истражувач во областа на земјотресното инженерство. Основно образование и гимназија завршила во Битола. Дипломирала на Градежниот факултет во Скопје (1978), како најдобар студент. Магистрирала (1983) и докторирала (1991) во ИЗИИС во Скопје. Престојувала на повеќе универзитети во светот. Автор и коавтор е на преку 320 научни и стручни труда, објавени во земјата и во странство. Била потпретседател на ДГКМ, член е на Сенатот на УКИМ и на Агенцијата за евалуација. Носител е на повеќе државни награди и признанија. К. Тал. Петар Нечовски