НЕСТОР, Валентина

НЕСТОР, Валентина (с. Пустец, Мала Преспа, Р. Албанија, 16. Ⅸ 1971) & лекторка по македонски јазик во Тирана. По завршувањето на основното и средното образование во родното место, дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1995) иеизбрана за лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана (1996). Постдипломските студии ги завршила на својот Факултет со магистерската дисертација „Лексички заемки помеѓу македонскиот и албанскиот јазик“ (2003), каде што ја одбранила и докторската дисертација „Албанското лексичко-граматичко влијание врз говорот на Мала Прес-па“ (28. Ⅵ 2006). Бл. Р. Нико Нестор