НЕОС ДРОМОС

„НЕОС ДРОМОС“ („Нов пат“) (Ташкент, СССР, 1956–) – весник, орган на македонската и на грчката емиграција од Грција во Советскиот Сојуз, на грчки јазик и со една страница на македонски. Бил подготвуван од политичкото раководство на бегалците и растуран во сите центри каде што биле сместени. С. Мл.