НЕОКОМ АД

„НЕОКОМ“ АД – акционерско друштво основано во 1990 г. со дејност во областа на информационите и комуникационите технологии и во високото образование. Водечка компанија од оваа об-ласт во РМ, која работи преку својот деловен центар во Скопје и претставништвото во Битола. Има широк круг деловни активности, кои опфаќаат: проектирање, асемблирање, одржување и поддршка на хардверска опрема; консултативни услуги; проектирање и изработка на апликативен софтвер; интегрирани решенија за управување со документи и др. Работењето на компанијата е во согласност со стандардот ИСО 9001–2000. Др. М.