НЕДЕЉКОВИЌ, Душан

НЕДЕЉКОВИЌ, Душан (с. Исаково, ќуприја, Србија, 18. Ⅴ 1899 – Белград, 29. Ⅵ 1984) – универзитетски професор по филозофија. Докторирал на Сорбона (1922) и во истата година е избран за доцент на новоотворениот Филозофски факултет во Скопје, во Душан Недељковиќ 1930 г. станува вонреден профессор и работи до 1938 г. кога, поради ширењето на комунистичките идеи, е суспендиран и заедно со група свои студенти-комунисти е депортиран во концентрациониот логор во Билеќа. Близок на Кочо Рацин. Од 1941 г. е активен учесник во НОБ. По Војната е редовен професор на Филозофскиот факултет во Белград (1946–1953), редовен член на САНУ и надворешен член на МАНУ (1974). Со научно-филозофскиот, педагошкиот и револуционерниот ангажман во текот на две децении оставил бележити траги на научниот, културниот и политичкиот живот во предвоено Скопје и извршил влијание врз низа значајни личности во македонската филозофска и научна мисла. Автор е на голем број расправи, студии и статии од областа на филозофијата и етнопсихологијата. Особено е значаен преводот со неговите коментари на Хегеловата „Логика“ (изд. под наслов „Дијалектика“). БИБ.: Панкализам и дијалектика, 1936; Идеолошки сукоб демократије и фашизма, 1937; Леонардо да Винчи, 1956/57; Прагматизам и дијалектика, 1960; Ламетри, 1961; Руѓер Бошковиќ у своме времену и данас, 1961; Хуманизам Марксове дијалектике, 1968; Лењин и филозофија, 1969; Етика, 1969, Коста Рацин поет на Револуцијата, Скопје, 1973; Историја на филозофијата, Скопски предавања И, Ⅱ (Прев., ред. и пог. К. Темков), 1984. ЛИТ.: Д. Грлиќ, Лексикон филозофа. Загреб, 1982, 292; К. Темков, Поговор кон: Д. Недељковиќ, Историја на филозофијата, Скопски предавања Ⅱ, Скопје, 1984. В. Панз.