НЕДЕВ, Дејан

НЕДЕВ, Дејан (Скопје, 28. И 1980) – професор по физичка култура, каратист. Завршил ФФК во Скопје (2006). Бил првак на Македонија во традиционално карате (1990–2005). Повеќепатен јуниорски и кадетски првак на Балканот, на Европа и на светот. Како сениор освоил медали на 5 светски првенства – 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени, на 15 европски првенства – 2 златни, 4 сребрени и 4 бронзени, на Медитеранските игри – 1 златен и на балканските првенства – 3 златни медали (до 2005). Прогласен за најдобар каратист на сите времиња во РМ (2000) и избран за најдобар спортист на Македонија (2005); избран меѓунајдобрите 8 каратисти во светот во Варшава (2003 и 2007), а освоил сребрен медал и станал светски вицешампион во фукуго во Канада (2006) и сребрен медал во ката тим и стана европски вицешампион на ЕП во Варшава (2009) Д. С.-Р.