НЕГУШ (Наоуса) – град во Егејскиот дел на Македонија, во Грција. Се наоѓа на источните падини на Каракамен Планина. Од Солун е оддалечен 90 км. Во историјата е познат по Негушкото востание од 1822 г. Според К’нчов, во почетокот на ⅩⅩ в. во Н. живееле вкупно 6.100 ж. Од нив 3.500 биле Грци, 1.500 Македонци, 800 Турци и 300 Власи. По Лозанската конвенција (1924), значајно е изменета етничката состојба во градот. Тогаш Турците се иселиле во Турција, а во Негуш се населиле 1.863 Грци од Мала Азија и Понд, но и значителен број македонски и влашки семејства од околните села. Во подоцнежните години во Н. се подигнати неколку текстилни фабрики, така што неговото население во 1930 г. пораснало на 10.000 ж., во 1951 на 12.000, во 1971 на 17.400 и во 2000 г. на околу 20.000. Освен развиената текстилна индустрија, во околината на градот многу е раширено овоштарството. Н. е центар на истоимената околија во која има 28 населени места. ЛИТ.: Васил КÍнчов, Македония, етнография статистика, София, 1900. Ал. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.