НЕГРИЕВ, Макариј

НЕГРИЕВ, Макариј (Галичник, ок. 1800 – Пазарџик, Бугарија, 1859) – резбар и иконописец од родот на Фрчковци. Освен со рез-Центарот на градот Неготино барство, се занимавал и со посебна техника на украсување на капителите од столбовите во црквите со различни орнаменти и фигури. Тоа е занает на кој некои мајстори во ⅩⅠⅩ в. и целосно му се предавале. Учествувал во изработката на иконостасот во скопската црква „Св. Спас“ (1825), кој како прв мајстор го работел Пет-ре Филипович Гарката. Друго негово потврдено дело е изработката на таваниците во познатите конаци на управникот на Скопскиот вилает Авзи-паша во с. Бардовци кај Скопје, за кое бил и посебно награден (со коњ и постојано место на пазарот во Скопје). Освен тоа, пашата го препорачал да учествува во украсувањето на Чарши-џамијата во Пазарџик (од каде што самиот потекнувал). К. Гр. Градот Негуш