НЕАРХ

НЕАРХ (Неархос) (?–312 пр.н.е.)
– адмирал на флотата на Александар Ⅲ Македонски и патописец, по потекло од Крит, но населен во Амфипол. Бил пријател на Александар Ⅲ уште од младоста. Го придружувал на походот на Исток и бил назначен за сатрап на Ликија и Памфилија (334/3 пр.н.е.). Ја предводел македонската флота составена од околу сто брода и пет илјади војници при нејзиното враќање од Индија (325/24 пр.н.е.). Притоа водел дневник со секојдневни белешки за напорната пловидба од утоката на р. Инд до Персискиот Залив, опишувајќи ги луѓето, обичаите, населбите, флората, фауната итн., кој подоцна му послужил на Аријан како главен извор за неговата книга за Индија (Индике), а исто така го користел и Страбон. За успешното враќање на флотата бил награден со златен венец. По смртта на Александар Ⅲ (323 пр.н.е.) бил во служба на Антигон И Едноокиот и неговиот син Деметриј И Полиоркет. Загинал во битка кај Газа помеѓу Деметриј И Полиоркет и другите дијадоси (312 пр.н.е.).
ИЗВ.: Арриани, Анабасис, Липсиае, 1907; Љ. Цур-ти Руфи, Хисториарум Алеџандри Магни Мацедонис, Липсиае, 1893; Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг,1896; Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921.
ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004; Ф. Папазоглу, Истори-

Напишете коментар