/НА РАБОТА

НА РАБОТА

„НА РАБОТА“ (Положај, 19. И 1945) – весник на македонски јазик, орган на Десеттата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ. Умножен е хектографски, на 32 страници. Обработува политички теми, дава информации за фронтот, за животот во бригадата и за културни прашања. Меѓу другото, објавена е и едночинката за времето на Илинденското востание, потпишана со иницијалите проф. Л. К. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 447; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 121. С. Мл. Андре Навара

2018-10-23T18:12:58+01:00 0 коментари