НАШ ПАТ

„НАШ ПАТ“ (Битола, 1944) – ракописно списание (со печатни букви) на политичките затвореници во Битолскиот затвор, на македонски јазик. Иницијативата за неговото издавање ја покренал Затворскиот комитет на КПМ во состав: Мишко Божиновски, Јорго Ристевски, Димитраќи Теговски и Драги Тозија. Објавени се вкупно три зачувани броја. Во уводникот кон првиот број е наведено дека тој ќе содржи написи за политички, научни, уметнички, просветни и други прашања. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 296–397; Мишко Божиноски, Па-тот до „Наш пат“ (јули 1942 – 6-ти септември 1944, Скопје, 2003. С. Мл.