НАШ ВЕСНИК

„НАШ ВЕСНИК“ (Загреб, И, 1, 30. Ⅲ 1937) – месечен лист за културно-просветни и стопански прашања, орган на Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб (формирано од македонските студенти на 29. Х 1935). Единствениот и веднаш забранет број на весников е напечатен во загрепската опозиционерска печатница на Ц. Албрехт (П. Ацингер) на српски јазик (со две стихотворби од Хр. Попсимов и К. Рацин на македонски и расказ од Средношколец со македонски дијалози). Како сопственик е потпишан студентот од Велес Борислав шукарев, а како одговорен уредник студентот од Битола Стеван Кузманов. Фактички иницијатори и редактори биле Никола Мицев, Лазар Соколов и Кирил Милјоски, а соработници и Никола Ѓумуров, д-р Тодор Мировски, Димитар Ѓузелов, Александар Линин, Кирил и Борис Џонови, Спиро Канински, Димитар Анчев и др. Весникот е забранет на 4. Ⅳ 1937 г. од Државното обвинителство во Загреб. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Прилог кон македонската литературна историја, „Современост“, ⅩⅣ, 6, јуни 1964, 618–619; истиот, Поетот Борис Џонов (1913–1943) и Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб, „Современост“, ЏЏИВ, 8–9, 1974, 714–741; Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 388–389. Бл. Р. „Наш пат“, ракописно списание на затворениците во затворот во Битола (Битола, јули 1944)