НАШИОТ ГЛАС

„НАШИОТ ГЛАС“ (Положај, последните месеци на 1944) – весник, орган на шестата македонска НО бригада, на македонски јазик. Пронајдени се повеќе ненумерирани броеви. Вториот број излегол на 16. ⅩⅠⅠ 1944 г. Посебно се значајни написите за дејствувањето на бригадата. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 446; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 141. С. Мл.