НАЦИОНАЛНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ

НАЦИОНАЛНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ (НКД). Во согласност со методологијата за пресметување на агрегатите на производството, во нашата земја доминираа две класификации на дејностите во различни периоди. Едната беше карактеристична за периодот од Втората светска војна до крајот на 80тите години на минатиот век, а другата почна да се применува со почетокот на транзицијата. Првата се потпираше на потесната концепција на производстото и таа ги опфаќаше дејностите на материјалното производство и на производните услуги. Според неа, како стопански дејности се трети-Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје раа: индустријата, земјоделството, шумарството, водостопанството, градежништвото, сообраќајот, трговијата, угостителството и туризмот, занаетчиството и комуналните дејности. Втората класификација, позната како Национална класификација на дејностите (НКД), е заснована врз поширока концепција на производството и, според неа, карактеристики на производство имаат материјалното производство и услугите. Таа се потпира врз Системот на национални сметки 1993 (СНА 1993), прифатен од ООН и од други меѓународни организации. Според овој систем, Националната класификација на дејностите (НКД) во РМ ја има следнава структура: � Земјоделство, лов и шумарство Рибарство Вадење на руди и камен � Преработувачка индустрија � Снабдување со електрична енергија, гас и води � Градежништво � Трговија на големо и трговија на мало Хотели и ресторани � Сообраќај, складирање и врски � Финансиско посредување Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности � Јавна управа и одбрана, задолжителна социјална заштита Образование � Здравство и социјална работа � Други комунални, културни, општи и лични услужни активности � Приватни домаќинства со вработени лица � Екстериторијални организации и тела Во Националната класификација на дејностите на РМ шест дејности учествуваат со околу 60% во БДП на нашата земја за 2004 г. Тоа се: (1) преработувачката индустрија, (2) трговијата на големо и мало, (3) земјоделството, ловот и шумарството, (4) сообраќајот, складирањето и врските, (5) јавната управа и одбраната, задолжителната социјална заштита; и (6) градежништво. ИЗВ.: СГ РМ, Државен завод за статистика. ЛИТ.: СНА 1993 и ЕСА 1995. М. С.