НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО

НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО – координативно тело при Министерството за здравство за мултидисциплинарна и мултисекторска соработка во унапредувањето на здравјето во РМ. Формиран на 12. Ⅵ 2000 г. со задача да ги оценува состојбите, да ги дефинира целите и да сугерира промени во политиката при донесувањето на глобалната државна стратегија за унапредување на здравјето во владиниот и невладиниот сектор. К. К.-П.