НАУЧНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУЦИИ

НАУЧНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУЦИИ. Земјоделски институт – Скопје. Формиран е во 1944 г. Вкупно вработени: 163, од кои 14 се доктори и 20 магистри. Годишен буџет од Министерството за наука и образование: 195.000 евра. Институт за јужни култури – Струмица. Формиран е во 1956 г. Вкупно вработени: 24, од кои 8 се доктори и 3 магистри. Годишен буџет од Министерството за наука и образование: 85.000 евра. Институт за сточарство – Скопје. Формиран е во 1952 г. Вкупно вработени: 36, од кои 5 доктори и 8 магистри. Годишен буџет од Министерството за наука и образование: 80.000 евра. Институт за тутунПрилеп. Формиран е во 1924 г. Вкупно вработени: 25, од кои доктори се 13, магистри 5. Годишен буџет од Министерството за наука и образование: 120.000 евра. Факултет за биотехнички науки – Битола. Формиран е во 1960 г. како Виша земјоделска школа, а од 2000-та како факултет. Вкупно вработени: 24, од кои 10 се доктори и 3 магистри. Годишен буџет од Министерството за наука и образование: 160.000 евра. Факултет за ветеринарна медицина – Скопје. Формиран е во 1994 г. Вкупно вработени: 78, од кои 23 се доктори и 7 магистри. Годишен буџет од Министерството за наука и образование 290.000 евра. Факултет за земјоделски науки и хранаСкопје. Формиран е во 1947 г., како Земјоделско-шумарски факултет. Од 1975 г. функционира како Земјоделски факултет, а од 2002 г. како Факултет за Земјоделскиот институт, Скопје Институтот за сточарство, Скопје земјоделски науки и храна. Вкупно вработени: 131, од кои 67 се доктори и 17 магистри. Годишен буџет од Министерството за наука и образование: 900.000 евра. Хидробиолошки заводОхрид. Формиран е во 1935 г. Вкупно вработени: 33, од кои 13 се доктори и 6 магистри. Годишен буџет од Министерството за наука и образование: 60.000 евра. шумарски факултетСкопје. Формиран е во 1947 г. Вкупно вработени: 66, од кои 34 се доктори и 5 магистри. Годишен буџет од Министерството за наука и образование 440.000 евра. Др. Ѓош. Мордехај Нахмијас-Лазо НАХМИЈАС-ЛАЗО, Мордехај