НАУМ ОХРИДСКИ

НАУМ ОХРИДСКИ (ок. 830 – Охрид, 23. ⅩⅠⅠ 910) – еден од најистакнатите ученици и соработници на словенските просветители од групата на т.н. Седмочисленици. Податоци за неговиот живот и за неговата просветителска дејност, иако сосема кратки, наоѓаме во неговите житија и во неговата служба, како и во опширните житија на св. Методиј и на св. Климент Охридски. Постои основа да се претпостави дека тој го води своето потекло од македонските Словени. Учествува во Моравската мисија и е еден од тројцата ученици на св. Кирил и Методиј, кои кон крајот на 867 или во почетокот на 868 г. биле посветени во Рим во духовен сан. По смртта на Методиј (885), Наум преку Бугарија се враќа во Македонија и тука, заедно со Климент, го продолжува делото на солунските браќа. На брегот од Охридското Езеро тој основал манастир во чест на св. архангел Михаил, кој денеска го носи неговото име „Св. Наум“. Во овој манастир ги поминува последните години од својот живот. Тука прима схима и умира во 910 г. (шест години пред својот собрат Климент). Наскоро по неговата смрт бил прогласен за светец. Неговите ученици во негова чест напишале житие (пред 940 г.) и служба. Житието го напишал
непознат Климентов и Наумов

Натписот од столбот на црквата „Св. Архангел“ Надгробната плоча на кнезот Пресијан ученик по порачка од деволскиот во Прилеп (996)
во с. Михаловце, Словакија (1060/61)
епископ Марко. Единствениот за

Житие за чудата на св. Наум Охридски, според бакрорезот на Христофор Жефарович (1849)
чуван препис од ова Наумово жи-тие се наоѓа во македонски ракопис (пролог) од ⅩⅤ в., пишуван од браќата Јоан и Никола Милошеви во селото Пископие (сега град Пишкопеја во Албанија), Дебарско. Ракописот се чува во библиотеката на Зографскиот манастир под бр. 47.
Истражувањата во последните неколку децении покажаа дека св. Наум не бил само истакнат црковен деец и просветител, туку и значаен средновековен писател. Повеќе истакнати научници (М. Вајнгарт, А. Мазон, Р. Нахтигал,
Д. Глумац) искажуваат мислење дека зад псевдонимот Црноризец Храбар се крие личноста на св. Наум Охридски, но има и такви што оваа претпоставка ја негираат (на пр., К. Куев). Наумовото учество во создавањето на оригиналната старословенска книжевност јасно се потврди со откривањето на литературното дело, во кое во вид на акростих фигурира авторскиот потпис на св. Наум. Станува збор за Канон посветен на св. апостол Андреј Првоповикан, откриен во минеј за септември-ноември (ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) од збирката на Зографскиот манастир (бр.

88). Иницијалните букви од тропарите на овој канон формираат фразов акростих, во кој се соопштува на кого му е посветено хагиографското дело и кој е неговиот автор: „Првоаго хрстова сла хвали нишчии НаÍм“. Чешкиот славист
Л. Матејко претпоставува дека во првобитниот текст на канонот за апостол Андреј постоела и втора песна и дека првиот збор од акростихот гласел „првошзванќаго“, а не како што е сега „првоаго“.
Со литературното дело на св. На-ум Охридски се поврзува и едно анонимно химнографско дело посветено на пренесувањето на моштите на св. Јован Златоуст, чијшто препис е зачуван во Скопскиот празничен минеј (акростих: златооУстааго прѕнесение мошчии поѕ×.
ЛИТ.: П. А. Лавров, Жития св. Наума Охридскаго и служба ему. „Известия ОРŒС“, 12, бр. 4, 1907; Лазар Мирковиђ, Свети На-
ум Охридски, Ср. Карловци, 1924; Ив. Снегаров, МанастирÍт „Св. Наум“ при Охридското езеро, София, 1972, 7–15; Кл. Иванова, СÍстрадалец на блажения Климент, Кирило-Методиевски страници, София, 1983, 225&228; Ст. Кожухаров, Песенното творчество на старобÍлгарския книжовник Наум Охридски. „Литературна история“, 12, 1984, 3–19; Петар Илиевски,
Авторскиот потпис „Нишчии Наоум“ во Канонот за св. апостол Андреј, зб.: 1100 години од хиротонисувањето на св. Климент во епископ и доаѓањето на св. Наум во Охрид, Охрид, 1996, 131–144; Е. СÎрцова,
Канон апостолу АндреÓ Наума Охридского (Опѕт философско–апокрифи=еского коментария к поÌтике християнскоŸ гимнографии, зб.: Хилџда и осемдесет години от смљртта на св. Наум Охридски, Софиџ, 1993, 58–68; Г. Попов, Следи од распространението на Наумовиџ канон за св. апостол Андреј. „Старобљлгариска литература“, 28–29, 1994, 10–22; Ѓорги Поп-Атанасов, Средновековна македонска химнографија (Ⅸ–ⅩⅤⅠⅠⅠ век), Скопје, 2007,
119–130. Ѓ. П. Ат.

Стефан
(Стив)
Наумов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *