НАУМОВСКИ, Круме

НАУМОВСКИ, Круме (Тетово, 1914 – Скопје, 12. Ⅹ 1995) – првоборец. Бил член на МК на КПЈ во Тетово (1941), одговорен за техниката од ПК на КПЈ за Македонија (1942), член на Петтиот областен комитет на КПМ (1943) и секретар на Околискиот комитет на КПМ во Скопје (1944). По Ослободувањето извршувал значајни политички и општествени должности. Носител на Партизанска споменица 1941.
ЛИТ.: Тетово и Тетовско во НОБ 1941– 1945, Тетово, 1991. Вл. Ив.

Петар
Наумовски