НАУМОВСКИ, Вангел

НАУМОВСКИ, Вангел (Охрид,
22. Ⅲ 1924 – Охрид, 13. Ⅵ 2006) – самоук сликар, скулптор, поет и музичар, најистакнат претставник на наивната уметност. Придонел за процут и демократизација на оваа насока. Вклучен е во повеќе книги за наивното сликарство во Европа, афирмирајќи ја македонската уметност во светот. Флората и фауната на Охридското Езеро ги овековечил со ориги-

Вангел
Наумовски

налната поетичност на надреалното и фантастичното (Љубовен сон во космичка градина, 1964; Можна стварност, 1969; Весела ливада, 1969).
ЛИТ.: Ото Бихалји – Мерин, Вангел Наумовски, Скопје, 1983. С. Аб.-Д.
Душан
Наумовски