НАУМОВСКА, Олга

НАУМОВСКА, Олга (Прилеп, 6. Ⅴ 1927 – Битола, 15. Ⅶ 1999) – актерка, првенка на Народниот театар во Битола. Со своите креации на силни драмски ликови подеднакво беше успешна во античкиот, класичниот и во современиот репертоар. Две години настапувала и во Народниот театар во Прилеп. Улоги: Јокаста („Цар Едип“); Медеја, Андромаха, Антица во истоимените пиеси; Маргарита („Дамата со камелии“); Марта („Кој се плаши од Вирџинија Вулф“); Настја („На дното“) и др. Нејзини се и монодрамите „Како да те чујам кога водата тече“; „Добра ноќ мајко“ и др. Р. Ст. Александар Наумовски