НАТПИСИ

НАТПИСИ – записи на старословенски јазик, издлабени врз некој тврд материјал. Епиграфските споменици се многу значаен извор од палеографски, лингвистички, историски и други аспекти. Тие се од различен жанр, но најчесто се надгробни плочи (Самуиловиот натпис од 993 год., Пресијановата надгробна плоча од 1060/61 год.) или е повод некоја градба (Битолскиот натпис на Иван Владислав од 1015–1016 год.).
Најстар е Самуиловиот натпис од 993 год. Најден е во 1888 год. во с. Герман, Преспа. Тоа е мермерна плоча со големина 1, 30 х 0, 67 м, а натписот содржи 11 реда. Натписот е поставен од цар Самуил за спомен на своите родители Никола и Рипсимија и братот Давид.
Битолскиот натпис од 1015–1016 год. е најден во Битола во 1956 год. при уривањето на Чауш-џамија, каде што бил искористен како градежен материјал. Сега се чува во Битолскиот музеј. Тоа е бела мермерна плоча со правоаголна форма, а од записот се зачувани 12 реда или вкупно 329 букви, со што овој натпис е засега најдолгиот датиран кирилски

автор на бројни црковно-просвет-

Надгробната плоча на Битолската плоча од 1016/17 г.: ни изданија. Се школува во род-Самуиловите родители (993) царот Јован Владислав го обновува градот Битола
епиграфски споменик. Записот е испишан по повод обновувањето на Битолската тврдина од страна на царот Иван Владислав, кој себеси се нарекува самодржец. Вториот дел од записот има летописен карактер. Се спомнува дека Иван Владислав е од Самуиловото царско семејство, потоа битката кај Трајановата Врата (986), каде што Самуил и Арон го победиле византискиот цар Василиј Ⅱ и поразот на Самуил кај Беласица (1014).
За Македонија е интересен и натписот на столбот од црквата „Св. Архангел“ во Прилеп. Тој има само 3 реда и датирањето е од 996 год., издлабено на столбот.
Надгробната плоча на кнезот Пресијан, најстариот син на Иван Владислав, е најдена во с. Михаловце, Источна Словачка. Се чува во Земплинскиот музеј. Тоа е каменен блок околу 0, 55 м широк, 0, 75 м висок и 0, 35 м дебел. На него има запис од 5 реда што е, со оглед на архаичноста, многу добро читлив и тој гласи: „Тука лежи кнез Пресијан роден во лето 6505 (= 996/97) умрен во лето 6569 (= 1060/61)“. Буквите се слични со Самуиловиот натпис. Пресијановата надгробна плоча го заокружува комплексот од епиграфски споменици што се однесуваат на Самуиловото царско семејство. В. Д.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *