НАСТЕВ, Христо

НАСТЕВ, Христо (Штип, 6. Ⅳ 1876 – Варна, 20. Ⅵ 1962) – учител, учесник во македонското револуционерно движење. Завршил педагошко училиште во Скопје (1898). Бил учител во Виница и во Банско (Разлошко). Бил претседател на ОК на ТМОРО во Бунархисар (1899–1900), секретар во четата на Т. Давидов во Битолско (1902), учесник на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание како лерински војвода. По востанието бил началник на ќустендилскиот пункт на ТМОРО. ИЗВ. и ЛИТ.: Г. Попхристов, РеволÓционната борба в Битолски® окрÍг, Софи®, 1953, 63–81; Л. Томов, Спомени за револ•ционната деŸност в Серски® окрÍг, Софи®, 1918. Ал. Тр.