НАСТЕВ, Божидар

НАСТЕВ, Божидар (Битола, 9. И 1924 – Скопје, 23. Ⅵ 1980) – унив. професор, преведувач, научен работник. Завршил Филозофски факултет во Скопје (француски јазик и литература). Докторирал во Загреб. Бил декан на Филолошкиот факултет во Скопје, претседател на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и претседател на Сојузот на книжевните преведувачи на Југославија. Има напишано научни студии за голем број француски Божидар Настев писатели (В. Иго, Балзак, Флобер, Сартр и др.). Негови најзначајни преводи се: „Госпоѓа Бовари“ од Флобер (1960), „Заточениците од Алтона“ од Сартр (1962), „Неименливото“ од Бекет (1970). „Селани“ од Балзак (1972), „Сентиментално воспитување“ од Флобер (1977) и др. Автор е на книгите „Македонија во делата на француските писатели“ (1976) и „Аромански студии“ (1982). П. Гил.