НАСЕВ, Насе

НАСЕВ, Насе (с. Нивичани, Кочанско, (18. Ⅷ 1943) – професор по физичка култура, тренер во борење. Завршил Факултет за физичка култура во Скопје Насе Насев (1982). Бил тренер на БК „Младост“ од Кочани. Селектор-тренер на Репрезентацијата на Југославија во борење слободен стил (1977–1991), која на олимписките и медитеранските игри, на светските и европските првенства освоила 13 златни, 14 сребрени и 12 бронзени медали. Инструктор на ФИЛА. Тој е најдобар тренер-селектор на Македонија во ХХ век. Ф. Ѓ. Сашко Насев