НАРОДНО СОБРАНИЕ НА НРМ

НАРОДНО СОБРАНИЕ НА НРМ – врховен орган на државната власт и претставник на народниот суверенитет на Народна Република Македонија. Се воведува со Уставот на НРМ од 1946 г. како еднодомно претставничко тело непосредно избрано од граѓаните на мандатен период од четири години. На изборите одржани на 3. ⅩⅠⅠ 1950 г. во Народното собрание се избрани 251 пратеник. Со Ус-

Уставот на НРМ (1946)
тавниот закон од 1953 г. се воведува дводомно Народно собрание, составено од Републички собор и Собор на производителите. На изборите од 22–25. Ⅺ 1953 г. во Републичкиот собор се избрани 108, а во Соборот на производителите 74 пратеници. На изборите од 23. Ⅲ 1958 г. во Републичкиот собор се избрани 113, а во Соборот на производителите 78 пратеници. Прв претседател на еднодомното Народно собрание на НРМ е Димче Стојанов-Мире, а прв претседател на дводомното Народно собрание на НРМ е Лазар Колишевски.
ЛИТ.: Македонија од АСНОМ до денес, Скопје, 2005. Св. ш.