НАРОДНООСЛОБООДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „МИРЧЕ АЦЕВ“

НАРОДНООСЛОБООДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „МИРЧЕ АЦЕВ“ (Прв баталјон на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ)
(пл. Славеј, 18. Ⅷ 1943 – с. Сливово, Охридско, 11. Ⅺ 1943) – прва регуларна воена единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од околу 200 борци од Преспанскоохридскиот НОПО „Дамјан Груев“, делови од Велешкиот НОПО

Димитар Влахов“, делови од Прилепскиот НОПО „Ѓорче Петров“ и новопристигнати борци од Дебарца. Баталјонот извршил напади на италијански карабинерски станици во Охридско (7. Ⅸ), урнал три моста на патот Кичево-Охрид, исекол 130 ПТТ столбови, ја запалил жандармериската станица во с. Сливово (11. Ⅸ), влегол во Кичево (12. Ⅸ) и учествувал во разоружувањето на италијанскиот гарнизон. Во почетокот на октомври 1943, заедно со Првиот косовско-метохиски НО баталјон


Рамиз Садику“ и Вториот кичевски НО баталјон, влегол во состав на Групата баталјони и водел борби кај селата Извор, Кленоец, железничката станица во Подвис (5–9. Џ), извршил диверзии на па-тот Ресен-Охрид и се судрил со бугарските гранични сили на пл. Баба Сач. Кога главнината на Групата баталјони била вратена во одбрана на слободната територија на Дебарца, околу 70 борци на баталјонот дејствувале на комуникацијата Битола-Ресен. Подоцна, заедно со други единици на НОВ и ПОМ, баталјонот водел борби против германско-балистичките сили во Кичевско (5. Џ), со бугарските гранични единиици (6. Џ) и на пл. Бигла со бугарските единици од ресенскиот гарнизон (24. Џ). Со Групата македонски и Групата косовски баталјони водел борба со германско-балистичките сили кај Кичево, с. Раштани (1 и 2. Ⅺ) и

Влегувањето на Првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“ во слободното Кичево (12 септември 1943)
на пл. Буковик (6. Ⅺ), по што влегол во составот на Првата македонско-косовска НОУБ. По осамостојувањето на РМ, денот на формирањето на баталјонот е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ).
ИЗВ.: Кичево и Кичевско во НОВ 1941–1945. Документи, Кичево, 1985.
ЛИТ.: Бригада на братството и единството, Првата македонско-косовска ударна, Скопје, 1958; Душан Ристоски, Хронологија на настани од Народноослободителната војна 1941–1945 година во Кичево и Кичевско, второ дополнето издание, Кичево, 1984; Македонија од устанка до слободе 1941–1945, (Зборник радова), Београд, 1987; Д-р Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944–1945, ИНИ, Скопје, 1999, 63–67. С. Мл.