НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (Софија, септември 1944 – октомври 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од Македонци во Бугарската армија и од доброволци од македонската емиграција во Бугарија, главно студенти и ученици. Командант бил Пецо Трајков, а политички комесар Мире Анастасов. Броела околу 4.600 борци и веднаш по формирањето, баталјон (30. Ⅸ) по баталјон (7. Џ) била упатувана во Македонија. По кратко време била расформирана, а постојните борци биле прерасподелени во Деветнаесеттата, Дваесеттата и Дваесет и првата македонска НО бригада, кои дејствувале во завршните операции за ослободување на Брегалничкиот и Струмичкиот регион.
ИЗВ.: „Билтен на ВШ на НОВ и ПОЈ“, Ⅳ,
46–47, Положај, ноември–декември 1944. ЛИТ.: Полковник Пецо Трајков, Национализмљт на скопските рљководители, Софиџ, 1949, 4; Михаило Апос
толски, Завршните операции на НОВ за ослободување на Македонија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1953; Македонија од устанка до слободе 1941–1945. (Зборник радова), Београд, 1987. Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944–1945, ИНИ, Скопје, 1999, 140–141. С. Мл.
бил формиран Местен воен штаб. По Априлската војна (1941) при месните комитети на КПЈ во Македонија биле формирани воени комисии како оперативни тела за подготовка на оруженото востание. Воените комитети, воените месни штабови и воените комисии формирале диверзантски групи, курсеви и обука за ракување со оружје. Од нив биле формирани и првите партизански одреди (Скопскиот, Прилепскиот и кумановските). Во јуни 1942 г. Покраинскиот воен штаб прераснал во Главен штаб на НОПОМ. Во текот на 1942 г. биле формирани девет НОПО. Во март 1943 г. биле формирани пет оперативни зони, со цел во секоја од нив да се формира воено и политичко тело и 2–3 НОПО. На Преспанскиот состанок (2. Ⅷ 1943) била донесена одлука да се формираат поголеми оперативни формации на НОВМ. На 18. Ⅷ 1943 г. бил формиран првиот НО баталјон

Мирче Ацев“. Во октомври 1943

г.
била формирана групата баталјони за борби во Западна Македонија. На 11. Ⅺ 1943 г. е формирана Првата македонско-косовска бригада. На 20. ⅩⅠⅠ 1943 г. била формирана Втората македонска бригада. Во летото на 1944 г. се формирани четири оперативни зони, со цел на секоја од нив да се формираат по две дивизии. Биле формирани седум дивизии. Во есента 1944 г. се формирани три корпусни области, а во секоја од нив по еден корпус. Во текот на војната во македонската војска биле формирани 24 пешадиски

Партизанска колона на Народноослободителната војска на Македонија во Февруарскиот поход (1944)