НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „СТРАШО ПИНЏУР“

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „СТРАШО ПИНЏУР“ (Прв баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ) (пл. Кајмакчалан, 24. Ⅸ 1943 – с. Фуштани, Егејскиот дел на Македонија, 20. ⅩⅠⅠ 1943) – воена единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 126 борци на НОПО
„Добри Даскалов“, НОПО „Сава Михајлов“ и главнината на Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“. Во нападот на рудникот Дудица на пл. Кожув (2. Џ) биле убиени 10 непријателски војници, а му се приклучиле 80 рудари. Во нападот на бугарската гранична посада во Лукар (јужно од с. Конопиште, на пл. Кожув, 19. Џ) биле заробени 30 бугарски војници и еден подофицер, а во нападот на германската посада на железничкиот мост кај с. Островско, Леринско (26. Џ) биле убиени двајца Германци и заробени 7 Марокан
ци. Поради бројното зголемување, од издвоени 113 борци бил формиран Вториот баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ (30. Џ). Во нападот на с. Радња, Демиркаписко (8. Ⅺ) биле заробени 12 контрачетници од одредот „Цар Калојан“, а при влегувањето во турските села Вешје и Бесвица (12. Ⅺ) им се приклучиле неколку Турци. Кај селата Радња и Бохула водел борба со бугарска колона (средината на ноември), при што загинале 5 партизани и

сили, кои ја обезбедувале комуни-Фоирмирањето на Народноослободителниот баталјон „Страшо Пинџур“ (1943)
14 бугарски војници, во с. Бегниште била запалена општинската зграда (18. Ⅺ), а во нападот на касарната во с. Коњско (Гевгелиско) и две гранични караули на пл. Кожув биле заробени околу 60 бугарски војници. Во повеќе села формирал НОО. Подоцна влегол во составот на Втората македонска НОУ бригада.
ЛИТ.: Д-р Миле Тодоровски, Партизанските одреди и НО војска на Македонија во Ослободителната војна и Револуцијата 1941–1944, ИНИ, Скопје, 1972; Битола и Битолско во НОВ 1943 и 1944. Материјали од симпозиумот одржан на 20 и 21 октомври 1981 година, Битола, 1982; Тиквешијата во НОВ 1941–1945, кн. трета, Партизански одреди и воени единици. Материјали од научниот собир одржан на 21 и 22 јуни 1982 год. во Кавадарци, Кавадарци-Неготино, 1984; Македонија од устанка до слободе 1941–1945, (Зборник радова), Београд,
1987. С. Мл.

Симо Младеновски:
Младината од Македонија во НОБ
(Скопје, 1983)
носта на прогресивната младина на Македонија била насочувана преку месните комитети на КПЈ/КПМ, а потоа биле форми-

Делегати и гости на Вториот конгрес на НОМСМ во Скопје (6-8. И 1945)

Напишете коментар