НАРОДЕН ГЛАС

НАРОДЕН ГЛАС“ (пл. Гламник, над с. шешково и базата Црквиште, меѓу селата Драгожел, Куманичево и Бојанчиште, Кавадаречко, јули–септември 1943) – месечен весник на Народноослободителниот фронт за Гевгелиско, Тиквешко, Велешко и други места, покренат од Третиот областен комитет на КПМ. Техниката ја раководел Ристо „Народен глас“, весник на Џунов, а со-Македонскиот НОФ за Гевгелиско, Тиквешко, работници Велешко и др. (1943) биле Иван Мазов, Никола Минчев, Борко Темелковски-Лилјакот, Мито Хаџивасилев и др. Бил печатен во тираж од 200–300 примероци на техниката на Третиот областен комитет на КПМ. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 418–420; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 127. С. Мл. „Народен глас“, илегален весник (Прилеп, 1943)