НАРОДЕН ВОЈНИК

НАРОДЕН ВОЈНИК“ (Скопје, 18. ⅩⅠⅠ 1944 – 6. Ⅵ 1945) – весник, орган на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ за Македонија, а потоа на Главниот штаб на Југословенската армија за Македонија (од 4. Ⅱ 1945). Главен уредник бил Илија Топаловски. Печатен е на современа полиграфска технологија во печатницата „Гоце Делчев“. Објавени се вкупно 12 броја. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 448–450; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 140. С. Мл.