НАЛЕ, Маргарит Атанасов

НАЛЕ, Маргарит Атанасов (Битола, 15. Ⅺ 1895 – Битола, 1970) – лекар. Дипломирал на Мед. ф. во Атина (1919). Работел како приватен и околиски лекар во Битола до пензионирањето (1961). Во октомври 1944 г. бил избран за прочелник на Одделението за здравство на Околискиот НОО за Битолско. Бил пратеник на Првото заседание на АСНОМ. П. Б.