НАЛЕТОСКИ, Александар Вангелов

НАЛЕТОСКИ, Александар Вангелов (Прилеп, 22. ⅩⅠⅠ 1939 – Скопје, 6. Ⅲ 1996) – ветеринар, вонреден професор на В. ф. во Скопје. Докторирал на В. ф. во Белград (1981). Бил научен советник во Ветеринарниот институт во Скопје и директор на Републичката управа за ветеринарство на Република Македонија (1989–1993). Автор е на книга од областа на кинологијата. М. Д. – Ј. Б.