НАКОВА, Марија Благоева

НАКОВА, Марија Благоева (Радовиш, 30. Ⅸ 1946) – спец. по болести на устата и забите (1975), редовен проф. на Ст. ф. Магистрирала во 1976, а докторирала во 1980 г. Во повеќе мандати е продекан и декан на Ст. ф. Нејзиниот научен интерес е во унапредувањето на лекувањето на прогресивната пародонтопатија. Публикувала 180 статии. Коавтор и уредник е на монографијата „За стоматолошката болка“, коавтор на „Орална медицина и орална патологија“ и „Орална биохемија“. Е. М. Петре Наковски