НАВАРА, Андре

НАВАРА, Андре (Андре Наварра)
(Бијариц, 13. Ⅹ 1911 – 1988) – француски виолончелист. Професор на Конзерваториумот во Париз. Еден од најзначајните свет-
Н

ски виолончелисти на ⅩⅩ век. Бил професор и на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1971
–1975), како и на семинарите што се одржуваа во рамките на фестивалот Охридско лето. Б. Орт.