МУШМУЛИЦА

МУШМУЛИЦА (Цотонеастер Мед., фам. Росацеае) – род со околу 60 вида листопадни и зимзелени грмушки од Северната хемисфера. Во РМ природно се застапени следните видови: Ц. интегеррима Мед., со мали, јајцевидни листови, влакнави одоздола, со голи леторасти и со црвени плодови; Ц. томентоса Линдл., со покрупни листови, целите влакнави; Ц. меланоцарпа Лод., со црни плодови и Ц. мариана Анд. А. ет Анд. В., новооткриен вид (1994) на Галичица. Ал. Анд.

Мушмулица
„НА ОР’ЖИЕ“ (Битола, 1895– 1902) – хектографски весник на бугарски јазик, орган на Револуционерниот комитет на ТМОРО во Битола. Негов уредник бил Ѓорче Петров. Објавени се вкупно 9 броја во тираж од 30–40 примероци. Во умножувањето учествувале и Глигор Попето и Васил Пасков. Пронајден е еден примерок од 1902 г.
ЛИТ.: Ѓорче Петров, Спомени, Скопје, 1950, 16 и 31; Данчо Зографски, За хектографскиот лист „На оружје“, „Разгледи“, В, 10, Скопје, 1958, 110; Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 163; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед
на македонскиот печат (1885–1992),
Скопје, 1993, 82–83. С. Мл.
„НА РАБОТА“ (Положај, 19. И 1945) – весник на македонски јазик, орган на Десеттата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ. Умножен е хектографски, на 32 страници. Обработува политички теми, дава информации за фронтот, за животот во бригадата и за културни прашања. Меѓу другото, објавена е и едночинката за времето на Илинденското востание, потпишана со иницијалите
проф. Л. К.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 447; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 121. С. Мл.

Андре Навара