МУЧА, Феми

МУЧА, Феми (Дебар, 1930) – политички деец и општественик. Бил еден од најмладите учесници во НОАВМ (од септември 1943), Воспоставил курирска врска меѓу Дебар и Тирана на поранешниот и тогашниот секретар на МК на КПМ во Дебар Скендер Пустина–Мими и Филип Брајковски (30. Ⅸ/2. Ⅹ 1944). По Ослободувањето бил делегат на Вториот конгрес на НОМСМ (Скопје, 6–8. И 1945) и член на Главниот одбор на НОМСМ. Подоцна бил потпретседател на Собранието на Скопје, член на Претседателството на ЦК на СКМ и член на Претседателството на СРМ (1986– 1991). БИБ.: Сеќавања (Илегални состаноци, Првите акции; Пионерски дом; Низ пламенот на војната; Заедно со партизаните; Во илегалство; Пионери на Конгресот), „Цветови во пламен 1941-1945“, И, Скопје, 1967, 101-109 и Сеќавања (Настани што ме потсетуваат; Поштата пред с“; Во искушение; До Тирана и назад; Бев избран за делегат), „Цветови во пламен 1941-1945“, Ⅱ, Скопје, 1967, 59, 95, 120-121, 134 и 171-172. С. Мл.