МУЧА, Зиба Пунторие

МУЧА, Зиба Пунторие (Пунторие Зиба Муçа) (с. Велешта, Струшко, 1. Ⅴ 1954) – поетеса и педагог. Основно училиште завршила во родното место, средно училиште во Струга и Педагошка академија (Група за албански јазик и книжевност) во Скопје. Работи како наставник во ОУ „Јане Сандански“ во Скопје. БИБ.: Куку (Куу-кууу), 1977; Рруга е мјеллмшс (Патот на лебедот), 1987; Содисин ѕјет; Суита име (Мојата суета); Ѕллкат биседојнш ме метеорш (Дечињата разговараат со метеори); Схтатш вјет притје (Седум години чекање); Суита е лшндуар, (Повредената суета, 2002; Мотрат ме схирит тш куљ (Сестрите со црвен ширит); Нук мартохем кштш верш (Не се мажам ова лето); Зонја ме целулар (Госпоѓата со мобилен); Вега (Вега), 2006; Џиџшллонјат луајнш валле натшн (Светулките играат оро ноќе), 2006; Ахенгу и граве тш љѕтетшруара (Забавата на градските жени); Удха е икјес (Патот на бегството); Дјајтш е натшве тш фундит (Ѓаволите на последните ноќи); Вјесхтш тотемшсх (Тотемска есен), 2007. Н. С.