МУСТАФОВ, Ферус

МУСТАФОВ, Ферус (Штип, 20. ⅩⅠⅠ 1950) – кларинетист и саксофонист. Еден од најголемите виртуози на модерната балканска поп-музика. На неговиот репертоар е музиката од повеќето балкански народи. Кон крајот на деведесеттите години на ХХ в. поч-Ферус Мустафов на неговата интензивна меѓународна кариера со учество на голем број познати етнофестивали. Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции. М. Кол. Драган Мутибариќ