МУСТАФА, Решад Џафер (псевд. Чупчиќ) (Крива Паланка, 2. Ⅴ 1923 – Вршац, Војводина, 21. Ⅲ 1947) – првоборец на НОАВМ и воен пилот. Од економски причини со целото семејство се преселиле во Скопје (1930). Завршил основно училиште, вечерно работничко училиште и браварски занает. Бил активен член на Урсовите синдикати, член на СКОЈ (од 1939), кандидат за член на КПЈ (од почетокот на 1940), член на КПЈ (од првата половина на 1941) и носител на активнстите на КУД „Јард’м“, кое во текот на 1941 г. организирало повеќе про-Спомен белег на местото на куќата во која живеел Мустафа Решат Џафер (ул. Козара, бр. 4 во Скопје) гресивни културно-забавни приредби за турското и албанското население во Скопје. Бил борец на Скопскиот народноослободителен партизански одред (од 13. Ⅹ 1941). Како партизан се разболел и раководството на Одредот го илегализирало на лекување во Скопје, префрлајќи го од куќа во куќа. По сознанијата дека бугарската полиција му влегла во трагата, бил префрлен во Тетово и потоа во Тирана. По оздравувањето се приклучил кон НОД на Албанија, но бил уапсен од италијанските окупациони власти и одведен во Тиранскиот затвор, каде што останал повеќе од една година. По капитулацијата на Италија (8. Ⅸ 1943) се вратил на територијата на Западна Македонија и станал борец на Првата македонскокосовска НОУБ (11. Ⅺ 1943). По Ослободувањето бил воен пилот. Загинал како пилот на едрилица. Нему му е посветен споменикот (автор Максим Димановски, 1975) кај крстосницата меѓу булеварите „Г. Делчев“ и „К. Мисирков“ пред Судската палата и влезот во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се наоѓала неговата куќа. ЛИТ.: Абдуш Хусеин, Чупчиќ јуриша со песна, „13 Ноември“, Ⅳ, 4, Скопје, 1965, 10; Беа, загинаа, останаа, Скопје, 1969, 124; Митре Инадески, Хронологија на Скопје. Работничкото и Народноослободителното движење 1939–1945, книга втора, Скопје, 1974, 71; Крсто Здравковски, Да не се заборави. Споменици и спомен белези во Скопје, Скопје, 1982, 85. С. Мл.