МУСТАФА, Неждет

МУСТАФА, Неждет (Скопје, 17. Ⅴ 1962) – новинар, политичар. Ги завршил студиите на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Новинар во Ромската редакција на МРТ (1991–1994), градоначалник на Општината шуто Оризари (1996–2000), пратеник во Собранието на РМ (2002–2008) и министер без ресор во Владата на РМ (од 2008). Генерален секретар на ПЦЕР (1991–1994), претседател на ДППРМ (1994–2002) и на ОПЕ (2002–2009). Р. Решад Џафер Мустафа