МУРТЕЗАНИ, Изаим

МУРТЕЗАНИ, Изаим (с. Копаница, Скопско, 3. Ⅳ 1965) – филолог, научен соработник, истражувач на албанскиот фолклор во Македонија во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Основно образование завршил во родното место, а средно и Филолошки факултет (Група за албански јазик и книжевност) во Скопје (1988). На истиот факултет магистрирал на темата „Турцизмите во јазикот на албанската и македонската народна поезија“ (16. Ⅲ 1998) и докторирал на тема „Митските елементи во албанскиот и во македонскиот јуначки епос и балада“. Првин работел како наставник по албански јазик и книжевност во ЦОУ „Марко Цепенков“ во Станица Зелениково, подоцна како лектор во МРТ – Редакција на албански јазик, а потоа преминал на работа во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје (15. Ⅱ 1995). БИБ.: Нë схтјеллëн е аркетипеве, „Флака“, Схкуп, 2001; Турцизмите во јазикот на албанската и македонската народна поезија, Скопје, 2001; Митски елементи во албанскиот и македонскиот јуначки епос и балада, Скопје, 2006. ЛИТ.: 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950– 2000. Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 150. С. Мл.